2.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Повеќе од две третини од Германците не сакаат да се откажат од бензин и дизел автомобили

Повеќе од две третини од Германците, 67 отсто од нив, се против европската забрана за продажба на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување (ICE) од 2035 година.

Само една четвртина ги поддржува ваквите планови, според истражувањето на DeutschlandTrend за телевизијата ARD.

Најголема поддршка за забраната има помладите и оние со формално високо образование. Кога станува збор за партиските поддржувачи, само мнозинството од оние кои гласаат за Зелените ги поддржуваат плановите на Европската унија, пренесува dpa.

Преговарачите од Европскиот парламент и од земјите на ЕУ наесен се согласија дека од 2035 година во Унијата може да се регистрираат само нови автомобили кои не испуштаат штетни гасови.

Сепак, Германија сака и после тоа да дозволи нови автомобили со мотори со внатрешно согорување кои користат вештачки горива произведени од зелената електрична енергија, таканаречени е-горива.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести