6.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

ХОРОР: Две девојчиња на возраст од 12 и 13 години го признаа убиството на 12-годишната Луиз

Две девојчиња на возраст од 12 и 13 години го признаа убиството на 12-годишната Луиз, која во неделата беше пронајдена мртва во близина на нејзиниот дом во сојузната покраина Палатинат, соопшти полицијата.

– По првото испрашување девојчињата дадоа спротивставени изјави, а по второто испрашување го признаа делото – изјави портпаролот на полицијата во Кобленц.

Луиза била избодена 32 пати, а полицијата се уште трага по оружјето употребено во злосторството.

Државниот обвинител Марио Манвајлер објаснил дека двете девојчиња не се кривично одговорни поради нивната возраст.

– Ова не значи дека ништо нема да им се случи. Тие се во рацете на Центарот за социјална работа, реколМанвајлер.

Државниот обвинител рече дека се работи за „посебно кривично дело“.

Дванаесетгодишната Луиз беше пронајдена во неделата наутро во близина на нејзиниот дом, токму на границата меѓу покраините Рајна-Палатинат и Северна Рајна-Вестфалија, на западот од Германија. Домот на убиената се наоѓа во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија. Најпрво се посомневаше за сексуален престап, но обдукцијата не ги потврди овие сомнежи.

Луиз исчезнала во саботата додека се враќала дома од куќата на пријател. Била пријавена за исчезната бидејќи не дошла дома, а не се јавила ниту на својот мобилен телефон. Започнала потрага во која учествувале поголем број полициски службеници. Нејзиното тело беше пронајдено во неделата во шумата во близина на железничкиот тунел.

Како што дознава „Фокус онлајн“, мотивот за убиството е одмазда. Наводно трите девојчиња се скарале на ТикТок. Наводно, жртвата исмевала едно од двете девојчиња кои ја убиле. На кој начин останува нејасно.

„Шпигел“ пишува дека Луиз е таа што доживеала мобинг. Двете девојчиња се одвоени од семејствата и се под надзор на младинските служби.

„Шпигел“ пишува и дека откако ја убиле Луиз, девојчињата отишле дома и ги повикале нејзините родители и се преправале дека не знаат каде е и дека се загрижени за неа. Информациите за пребарувањето ги споделија на социјалните мрежи.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести