5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Рада Манојловиќ за една година заработува преку 380.000 евра

Пејачката Рада Манојловиќ на својот Твитер профил објави фотографија на која се гледа дека има закажано настапи до крајот на годината, а додаде и многу интересен коментар.

Поранешната „Ѕвезда Гранда“, Рада Манојловиќ важи за кралица на бакшишот и една од најбараните српски пејачки, бидејќи со своите настапи и пеење секогаш ја доведува атмосферата во треска.

Рада на почетокот на оваа година направи голем исчекор во кариерата и реши да го смени целиот тим со кој работеше, а најголемата промена беше тоа што за менаџер ја вработи сопствената сестра Маја, бидејќи како што изјавила, не сакала да им дава пари на други луѓе, туку дека целата нејзина заработка „останува дома“.

Таа веќе работи со нов клавијатурист, има свој возач, а ја ангажирала и нејзината сестра Маја да и закажува тезги. Рада сакаше да го направи тоа уште пред пандемијата на корона, но дури на почетокот на оваа година успеа да го реализира својот план. Ја вработила својата сестра бидејќи е сигурна дека никогаш нема да ја изневери или измами. Ја покачила цената на настапот, па сега Рада најчесто пее за 8.000 евра. Цената зависи од тоа за каква прослава се работи, но и од тоа дали мора да патува надвор од Србија – изјави тогаш за Информер извор близок до пејачката.

Сега сите пари остануваат во куќата! Нема да дозволам никој да манипулира со сестра ми – изјави пејачката.

На фотографијата се гледа дека Рада досега има дури 47 настапи, а кога ќе се помножи со хонорарот од 8.000 евра, се гледа дека пејачката ќе заработи дури 376.000 евра, а кога ќе се додадат бакшишите од приватни прослави на сето тоа може да се заклучи дека бројката ќе биде многу поголема.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести