1.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Пендаровски прими претставници на Македонското археолошко друштво

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Македонското археолошко друштво.

На средбата, соговорниците го запознаа претседателот Пендаровски со нивната работа и активности, при што ги пренесоа и предизвиците со кои се соочува археолошката фела и институциите за заштитата на културното наследство и високо-образовните институтуции кои имаат студиски програми од оваа област. Во таа насока, посочија дека нивна цел е стручно работење во заштитата на културното наследство и во доменот на археолошката струка и наука.

Претседателот Пендаровски истакна дека работата и активностите на археолозите придонесуваат во областа на заштитата на културното наследство на нашата земја, нагласувајќи дека е потребно да се изнајде решение за нивно нормално и професионално функционирање без политички, или какви било притисоци.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести