Имено, контроверзната пејачка драстично ослабе. На фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи изгледа уморно и пропаднато, ребрата ѝ се истакнати, а струкот сведен на минимум.
Иако се чини дека Рита Ора е задоволна од својот изглед, фановите се загрижени за нејзиното здравје и тврдат дека таа е на работ од анорексија. Рита до пред само неколку месеци беше горда на своите облини, но изгледа дека честите настапи и напорното темпо на живот оставиле трага на нејзиното тело.
Рита веќе некое време е на исхрана богата со протеини и здрави масти, и многу малку рафинирани јаглехидрати.
Покрај променетиот начин на исхрана, пејачката помина и низ турбулентен период и нема сомнежи дека сето тоа влијаело на нејзиното здравје и изглед.
