16.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

Метеорит ја погоди Месечината

Ова се случило на 23 февруари, кога вселенското тело удрило близу кратерот Иделер Л.

Метеорите, во просек, се движат со брзина од околу 48.280 км/ч, па честопати при удар, поради големите брзини се создава интензивна топлина и настанува кратер, односно се случува еден вид експлозија. Таквите настани, доколку се доволно големи и се случат во текот на лунарната ноќ, на страна на Месечината свртена кон Земјата, се видливи за луѓето, објави порталот „Спејс“.

– Новосоздадениот кратер, веројатно, е со дијаметар од 10 метри и би можел да е снимен од Месечевиот извиднички орбитер на НАСА или индискиот „Чандрајаан 2“, изјави Фуџи.

Иако метеорите влегуваат во нашата атмосфера секој ден, огромното мнозинство од нив согоруваат по влегувањето. Но, Месечината има многу тенка егзосфера, што значи дека метеорите коишто не би стигнале до површината на Земјата, обично ја погодуваат Месечината, додавајќи нов „украс“ во нејзината и онака живописна површина со кратери. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести