13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Биткоинот се зголеми за 17 отсто во последните 24 часа, еве која е причината

Криптовалутата „Биткоин“ и унца злато денеска се искачија на рекордно ниво поради вознемиреноста на светските инвеститори, дека неодамнешниот колапс на „Банката на Силиконската долина“ може да предизвика каскадни последици на американскиот и светскиот финансиски пазар, Волстрит, известуваат агенциите.

Во денешното дневно тргување вредноста на биткоинот се зголеми за 17 отсто, на 24.000 американски долари, додека унца од жолтиот метал во еден момент достигна 1913,13 долари (зголемување од два отсто).

Рекордниот раст на вредноста на „Биткоинот“ укажува дека тој станува „безбедно засолниште“ за инвеститорите, заедно со златото, кое последователно привлекува инвеститори во време на криза. Овој пат на берзите дискретно се шири неизвесноста за состојбата во банкарскиот сектор, велат од Сити на Лондон. Во меѓувреме, финансиските актери од двете страни на Атлантикот сега многу сметаат на тоа дека Федералните резерви речиси сигурно ќе ја прекинат својата серија од агресивни зголемувања на каматните стапки. Само минатата недела, пред неочекуваниот колапс на „Банката на Силиконската долина“, претседателот на ФЕД Џером Пауел навести ново зголемување на каматните стапки за 0,5 отсто. Според некои проценки на своп пазарот, до крајот на оваа година Федералните резерви повеќе нема да прибегнуваат кон мерката што ја спроведуваат од март минатата година во борбата против инфлацијата

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести