Во последниот квартал од 2022 година, германските работодавци не можеле да најдат луѓе за 1,98 милиони работни места.
Бројот на отворени работни места е зголемен за 160.000, односно 6,6 отсто во однос на претходниот квартал и за 17,5 отсто во однос на претходната година, соопшти Институтот за истражување на пазарот на труд и трговија.
„Потребата од работници во Германија е на нов рекорд. Огромното мнозинство на понудени работни места постојано се отворени, а компаниите се тркаат за квалификуван кадар“, рече Александар Кубис од ИАБ.
,Институтот квартално истражува илјадници компании и ги регистрира не само работните позиции пријавени во агенцијата за вработување, туку и сите огласи за вработување.
