21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Мицкоски: Овој ден значи системска елиминација на еврејското население и е најцрниот ден за македонската историја

Денеска се навршуваат 80 години од ликвидирање на македонските Евреи во Треблинка.

Во далечната 1943 година цели еврејски маала со своја традиција и култура во Скопје, Битола и Штип остануваат празни. Дури 98 проценти од еврејската популација, односно 7144 македонски Евреи од кои 1500 биле деца под 15 години се задушени во гасните комори на Треблинка.

Овој ден значи системска елиминација на еврејското население и е најцрниот и најтажниот ден за македонската историја и Македонија.

За стравотиите од ликвидирањето на македонските Евреи од страна на фашистичкиот окупатор кои на суров начин ги загубија своите животи има бројни докази, сведоштва за нивната голгота, траорни судбини.

Изразувам жалење за она на кое што била изложена Еврејската заедница во минатото. Македонија и македонските граѓани никогаш нема да ја заборават тагата и страдањата на овие семејства.

Никогаш да не се повтори ова злосторство и болно минато.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/pfbid029kwXJVHErzLof5HmznnWiuFhgiLLmuSSdyEqXj8PCUnmMMmz4YANxsoL9wGpnJAql

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести