Белорусија, близок сојузник на Русија, е единствената земја во Европа која сè уште ја применува смртната казна. Досега постоеше за злосторства како убиство или терористички акти. Егзекуциите се вршат со еден истрел во задниот дел од главата.
Споменатата промена е дел од измените на казнениот законик чија прокламирана цел е зајакнување на борбата на Белорусија против „злосторствата на екстремистичка (терористичка) или антидржавна ориентација.
Според друга измена што денеска ја одобри Лукашенко, лице осудено за „дискредитација“ на белоруските вооружени сили ќе добие затворска казна. Русија донесе сличен закон по инвазијата на соседна Украина пред нешто повеќе од една година.
Белорусија не испрати свои војници во Украина, но ѝ дозволи на Русија да ја користи нејзината територија за да ја започне инвазијата на Украина во февруари 2022 година. Таа, исто така, им дозволува на руските авиони и беспилотни летала да го користат нејзиниот воздушен простор за да ја нападнат Украина.
