1.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

САД заплени авион Боинг во сопственост на руската нафтена компанија Роснефт

САД добиле наредба за запленување на авион Боинг во сопственост на руската нафтена компанија Роснефт, чија вредност се проценува на повеќе од 25 милиони долари.

Ова го соопшти американското Министерство за правда. Окружниот суд на САД за источниот округ во Њујорк го одобри заплената врз основа на кршење на извозните контроли и санкциите против Русија, се вели во соопштението.

„Боингот“ последен пат бил во САД во март 2014 година и се верува дека е во Русија или патувал до или од Русија, додаде Министерството за правда.

„Денешните присилни мерки покажуваат дека има цена што треба да се плати за руските компании и олигарси кои флагрантно ги избегнуваат санкциите наметнати од САД како одговор на неоправданата војна против народот на Украина“, изјави американскиот државен обвинител Брион Пис.

Западните санкции против Русија поради конфликтот со Украина, кој започна во февруари 2022 година, ја нарушија глобалната трговија и ги комплицираа опциите за финансирање на руските нафтени компании.

Извршниот директор на Роснефт, Игор Сечин, долгогодишен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, се најде под санкции од САД.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести