3.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Приведен крадец во Скопје, фатен на дело, спроведен во притвор

На 07.03.2023 околу 14.05 часот на автобуска постојка на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР – Одделение за криминалистички работи Центар – Бит Пазар го лишиле од слобода И.С.(56) од Скопје.
Тој бил фатен при извршување кражба, при што од М.М.(38) од Скопје, при качување во автобус одзел паричник со лични документи и пари. Одземеното било вратено на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица.
По насоки од јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава по брза постапка, додека од судија на претходна постапка му е определена мерка притвор и тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести