5.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Нови масовни штрајкови низ Франција

Ова е шести пат од 19 јануари луѓето масовно да излезат на протести против предложената пензиска реформа, чија цел е поместување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години и продолжување на времето за плаќање на придонесите потребни за добивање целосна пензија. Испораките и преработката на гориво денеска беа прекинати во неколку француски рафинерии и складишта со кои управуваат Тотал Енерџис и Есо.

Портпаролот на Тотал енерџис изјави дека 64 отсто од 296-те оператори на нејзините локации денеска штрајкувале. Претставник на синдикатот CGT во оваа компанија изјави дека штрајкот во рафинеријата Гонфревил во Нормандија е предвидено да трае до четврток, а во рафинеријата Донгес во западна Франција до петок.

Анкетите покажуваат дека мнозинството гласачи се против реформата бидејќи ја сметаат за „неправедна“, особено кон вредните работници. Сепак, владата вели дека се неопходни промени за да се извади пензискиот систем на Франција од дефицит до 2030 година и е решена да го спроведе својот план.

„Разбирам дека многу луѓе не сакаат да работат уште две години, но неопходно е да се обезбеди одржливост на пензискиот систем“, изјави премиерката Елизабет Борн за ТВ Франс 5. Но, синдикатите се цврсто вкоренети во своите позиции и немаат намера да се повлечат, туку да го зголемат притисокот врз претставниците во Националното собрание и да ги убедат да не гласаат за реформата.

Тие, исто така, предупредуваат дека штрајковите во рафинериите за нафта и железницата може да траат со денови. „Не се откажуваме. Денеска ќе изнесеме над два милиони луѓе на улица. Убеден сум во тоа. Ќе продолжиме додека не се повлече реформата“, изјави Ерик Селини од синдикатот ЦГТ. Собири се планирани ширум земјата, откако повеќе од 1,27 милиони луѓе излегоа на улиците на 31 јануари, според полицијата.

„Заедно да ја доведеме Франција во застој“, се вели во заедничката изјава на синдикатите. Таборот на Макрон нема апсолутно мнозинство во парламентот и може да смета само на дел од конзервативните републиканци.

„Му реков на Макрон да се одржи. Ако направи отстапки, нема да може да ја спроведе реформата и тоа ќе биде крај на неговиот втор мандат“, рече републиканскиот сенатор Бруно Ретало. Министерот за транспорт Клемент Боун призна дека денешниот штрајк бил „еден од најлошите“ за патниците. „Денеска за многумина беше  голема мака“, рече министерот.

Според Владата, реформата на пензискиот систем би донела дополнителни 17,7 милијарди евра пензиски придонеси годишно, а синдикатите одговараат дека има и други начини за зголемување на приходите, како што е оданочувањето на супербогатите. Бурната расправа во Собранието за предлог-законот заврши на крајот на февруари без расправа за контроверзниот член 7 за зголемување на старосната граница за пензионирање.

Предлогот сега се разгледува во Сенатот. Шефот на синдикатот CGT, Филип Мартинез, рече дека тие „удираат во голема брзина“. „Топката е на теренот на Макрон. На него е да ја повлече реформата“, рече Мартинез.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести