Во страшеки важниот градот кој е опколен од платениците на групата Вагнер, се наоѓаат околу четири илјади цивили кои се кријат во засолништа. Речиси сите мостови се уништени, а двете страни се обвинуваат кој стои зад нивното кревање во воздух.
Во меѓувреме, Москва соопшти дека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу извршил увид во „командното место“ на линијата на фронтот во источна украина, во услови на жестока битка за градот Бахмут.
Неговото министерство објави и видео снимка, наводно од фронтот на Доњецк, на кое се гледеа шојгу како лета со хеликоптер, а потоа разговара, без да носи заштитен шлем или панцир.
Украинскиот претседател Зеленски порача дека правдата нема да биде задоволена додека руското раководство не понесе одговорност за војната.
