2.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

ХАОС: На плажа пронајдени 800 килограми кокаин

Неколку стотици килограми кокаин откриле властите на плажа во северна Франција во неделата, изјави судски извор. „Првите тестови“ извршени на „околу триесет запленети пакети“ беа „позитивни на кокаин“, изјави за новинарите во понеделникот Пјер-Ив Маро, државен обвинител во Шарбур, град во близина на плажата каде што беше пронајдена дрогата. По мерењето било утврдено дека во пакувањата имало „меѓу 700 и 800 килограми“ дрога, додаде тој.

На францускиот брег и претходно бил пронајден кокаин. Така, на крајот на 2019 година на плажата од Сен Жан де Луз на југозапад до Камарето на северозапад беа пронајдени пакети со вкупно 1.600 килограми кокаин. Неодамна, на крајот на мај 2022 година, на плажата во Берк, на северот на Франција, беа пронајдени колачи со кокаин со вкупна тежина од 21 кг.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести