1.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Кличко го вози моќен германски тенк Леопард 2 (ВИДЕО)

Денес се појави видео на кое се гледа како Владимир Кличко, поранешен професионален боксер и брат на градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, вози моќен германски тенк Леопард 2.

За потсетување, вчера во Украина беа испорачани првите Леопард 2.

Антон Герашченко, советник на украинското Министерство за внатрешни работи, го објави видеото на социјалните мрежи. На него се гледа како Кличко вози тенк во шумска област.

„Никогаш не мислев дека ќе ја возам оваа мачка. Година дена војна во Украина. Година на страдање, но и година на волја, која е посилна од кога било“, вели Кличко во видеото.

Тој потоа им се заблагодари на Германија и на слободниот свет „за се што прават за Украина“.

Да потсетиме, вчера беа објавени фотографии на кои се гледа како украинскиот премиер Денис Шмихал и полскиот премиер Матеуш Моравјецки се ракуваат пред напредните тенкови Леопард 2.

Се верува дека овие модерни тенкови би можеле да одиграат значајна улога во најавената украинска контраофанзива. Минатиот месец Германија, која го произведува Леопард 2, по меѓународниот притисок одлучи да ги испрати своите Леопард 2 во Украина, но и да дозволи други западни земји да ги реизвезуваат тие тенкови во Украина.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести