Овен
Љубов:
Понекогаш во љубовната врска посакувате повеќе отколку што е можно, но нема причина да се жалите на вашата сакана личност. Прифатете го она што го добивате.
Работа:
Околината позитивно реагира на вашите идеи и некој ве поттикнува да преземете активна улога или на дополнителна креативност. Заштитете ги деловните интереси.
Здравје:
Обрнете внимание на соништата.
Бик
Љубов:
Забележувате дека вашата сакана личност нема емоционална храброст или искреност да ги изрази своите намери. Размислете за вашите маани.
Работа:
Некој се обидува да ви го наметне своето решение или одредени услови. Нема причина да се вклучите во јавна дебата.
Здравје:
Ќе ви годи некоја спортска активност или релаксација.
Близнаци
Љубов:
Некој ве возбудува и ви го привлекува вниманието повеќе отколку што сте подготвени да признаете. Изгледате мистериозно.
Работа:
Со неколку добри потези можете да направите повеќе од вашите соработници. Можете да ги постигнете вашите намери на различни страни.
Здравје:
Во одлична психофизичка форма сте..
Рак
Љубов:
Во емотивниот живот не успевате да привлечете нечие внимание, дури ни со помош на мали трикови кои лукаво ги смислувате.
Работа:
Средбата со една личност не ги исполнила вашите високи очекувања, па размислете за алтернативно решение.
Здравје:
Избегнувајте ситуации кои ве вознемируваат.
Лав
Љубов:
Во емотивна смисла, ви пречи да знаете дека на саканата личност и недостасува инспирација, храброст или искреност.
Работа:
Не дозволувајте некој да ве обврзува на соработка што не ги задоволува вашите критериуми и очекувања.
Здравје:
Ќе ви годат промените и опуштањето.
Девица
Љубов:
Јасно ви е дека не можете да добиете се што емотивно посакувате, но се уште не знаете како да уживате во она што го имате.
Работа:
Имате можност да ги тестирате вашите интелектуални или практични способности, направете се што е во ваша моќ за да оставите добар впечаток.
Здравје:
Прекумерната грижа лошо влијае на вашата концентрација.
Вага
Љубов:
Партнерот се обидува да ви помогне или да ве расположи. Заедничката средба се претвора во „најубавиот дел од реалноста“.
Работа:
Поаѓате од погрешни информации, па вашите прогнози изгледаат неубедливи. Прифатете ја добронамерната критика.
Здравје:
Нема потреба да се оптоварувате со „тешки теми“.
Шкорпија
Љубов:
Саканата личност индиректно се обидува да влијае на вашата одлука, нема причина да се сомневате во нечии искрени намери.
Работа:
Направете се што е потребно за да ја оправдате вашата улога во деловната соработка, покажете дополнителна мерка на одговорност.
Здравје:
Дозволете некој да ве расположи, опуштете се.
Стрелец
Љубов:
Не сакате да пропуштите ненадејна можност за емотивно поврзување. Одговорете на нечии „сигнали“ или љубовна порака.
Работа:
Ве привлекуваат големи предизвици или можност да ги тестирате своите способности под необични услови.
Здравје:
Во одлична психофизичка форма сте.
Јарец
Љубов:
Расположени сте за нови емотивни предизвици и забава, партнерот со голем ентузијазам ги прифаќа вашите идеи.
Работа:
Бидете мудри, важно е да го вклопите вашиот успех во просечните стандарди. Нема потреба да се одвлекува вниманието.
Здравје:
Обрнете внимание на вашите соништа.
Водолија
Љубов:
Со сета почит кон разумот, но треба да го следите и вашиот „внатрешен глас“ или ритамот на вашите чувства.
Работа:
Вие ги оценувате работите врз основа на нивната практична примена или употребна вредност.
Здравје:
Направете нешто што ќе ви помогне да се чувствувате подобро.
Риби
Љубов:
Потребен ви е момент на инспирација, да предизвикате лавина од нечии чувства и да почувствувате интимна среќа.
Работа:
Важно ви е да се однесувате како перфекционист кој држи сè под строга контрола.
Здравје:
Во одлична форма сте.
