Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, призна дека постојното снабдување со муниција од Запад „не е одржливо“ на сегашното ниво, бидејќи „потрошувачката е многу поголема“, пренесоа светските медиуми
Тој верува дека конфликтот сега станува „борба за логистика“, така што сојузниците на Украина мора да го зголемат производството.
„Единствениот начин да ја одржиме нашата поддршка за Украина е да го направиме она што сакавме да го направиме сега, а тоа е да се вклучиме во одбранбената индустрија за да се осигураме дека сојузниците потпишуваат долгорочни договори“, додаде тој.
Тој повтори дека НАТО ќе стои покрај Украина „се додека е потребно“.
„Не можеме да дозволиме Путин да победи во Украина – тоа ќе биде трагедија за Украинците, но ќе биде опасно за нас“, продолжи тој.
Тој се осврна и на прашањето дали на Украина ќе и биде дозволено да се приклучи на одбранбената воена алијанса.
„Позицијата на НАТО е непроменета. Украина ќе стане членка на НАТО, но сега главниот фокус е да се осигура дека Украина може да преовладува како суверена, независна нација во Европа“, заклучи тој.
