21.8 C
Skopje
петок, ноември 20, 2026

Нови дојави за бомби

Денеска до 09:30 часот е пријавено дека на електронските адреси на 16 училишта во Скопје и едно во Прилеп е упатена закана за поставена експлозивна направа, информира Министерството за внатрешни работи.

Се преземаат мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Во текот на вчерашниот ден дојави за бомби имаше во 49 училишта и Заводот за рехабилитација во Скопје, како и едно училиште во Прилеп. По направените проверки се утврди дека станува збор за лажни дојави.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести