6.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Голема полициска акција: Две фирми ограбиле 127.000 странци за преку 7 милијарди долари

Во првиот дел од акцијата, спроведена во јануари, при пребарување на повеќе локации се добиени значајни податоци и докази, при што со анализата на тие податоци е утврдено основано сомнение дека вработени во најмалку две фирми во изминатите неколку години оштетиле повеќе од 127.000 граѓани на други земји во вкупен износ кој што надминува седум милијарди долари, се вели во соопштението на ВТК, додавајќи дека сумата сѐ уште се утврдува.

Уапсените во вториот дел од акцијата се обвинети дека измамиле најмалку 200 странски државјани во вкупен износ над 20 милиони американски долари повикувајќи се на измамнички финансиски трансакции на Интернет.

Акцијата е иницирана со Европравда, Агенцијата на Европската унија за соработка во кривичната правда и Командата на федералната полиција на Австралија, а Специјалното обвинителство на Србија наведува дека се претресени 16 локации во Белград и низ Србија.

Покрај 16-те уапсени за компјутерска измама, перење пари и заговор за кривично дело, досега се одземени повеќе од 130.000 евра во готовина, неколку сметки во криптовалути и неколку автомобили, а во тек се и проверки на недвижности.

Специјалното обвинителство за високотехнолошки криминал ги предупреди граѓаните на Србија и странските државјани кои живеат и работат во Србија, да бидат особено внимателни кога нудат вработување во кол центри кои наводно ги едуцираат и советуваат клиентите на кој било финансиски пазар, вклучително и тргување со криптовалути.

Ваквите активности се строго регулирани со Законот за пазар на капитал и активностите на Комисијата за хартии од вредност, која ги издава потребните дозволи.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести