Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е навреден и лут поради неоснованите критики на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
– Што знае тој господин за мене? Тој не знае ништо! Како дете преживеав бомбардирање – изјави поранешниот премиер.
Една недела претходно Берлускони му порача на Зеленски дека е доволно да се запрат нападите на Донбас за да се спречи разорен конфликт.
Како одговор, украинскиот претседател го обвини Берлускони дека никогаш не преживеал бомбардирање.
Берлускони е роден во 1936 година и како дете го преживеал сојузничкото бомбардирање на Милано за време на Втората светска војна.
