11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Вучиќ: Итно ќе купиме камикази дронови

Србија ќе го потпише првиот договор со Обединетите Арапски Емирати за купување на самоубиствени дронови во следните 48 часа, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во вторник во Абу Даби, каде што присуствува на меѓународниот саем за оружје и воена опрема.

Тој за новинарите на белградските медиуми за време на меѓународниот саем за оружје и воена опрема изјави дека очекува брза испорака на беспилотни летала од ОАЕ, без да го наведе бројот и количината.

Се надевам дека во следните пет-шест месеци ќе можеме да ги имаме првите самоубиствени беспилотни летала во Вооружените сили на Србија, истакна Вучиќ, наведувајќи дека процесот за воведување ново оружје е комплициран, а процедурите се долги.

Вучиќ оцени и дека во контекст на руско-украинскиот конфликт и политичката ситуација на меѓународната сцена, Србија се соочува со дополнителни предизвици кои ќе ја отежнат нејзината позиција „политички, воен и во секоја друга смисла“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести