6.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Уапсен криминалец баран со потерница за тригодишна затворска казна

Денеска (21.02.2023) во 15.50 часот на бул.”Партизански одреди” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.З.(26) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд  Скопје  за издржување казна затвор од три години за сторени кривични дела “тешка кражба” по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде предадено во надлежната казнено-поправна установа  за издржување на казната.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести