Овен
Љубов:
Не можете да игнорирате нечие присуство или јасна порака, затоа обрнете внимание на полето на интерес и движење на партнерот.
Работа:
Рано е да очекувате конкретни промени во вашето опкружување или да се занимавате со големи инвестиции. Почекајте подобри услови.
Здравје:
Ќе ви се допадне витаминската исхрана, избегнувајте „лоши навики“.
Бик
Љубов:
Во приватниот живот бидете доволно внимателни во изјавите и воздржани во однесувањето пред партнерот.
Работа:
Евентуалниот конфликт со една личност може да прерасне во непријатна ситуација или во деловно-финансиска загуба.
Здравје:
Посветете ги вечерните часови на омиленото хоби, опуштете се.
Близнаци
Љубов:
Кога се среќавате со саканата личност, ги преувеличувате вашите потреби и реагирате премногу чувствително на разни „ситници“.
Работа:
Важно е да се одделат заедничките интереси од личните амбиции. Одложете ги стресните ситуации кои ве исцрпуваат.
Здравје:
Ќе ви годат повеќе часови здрав сон, обрнете внимание на соништата.
Рак
Љубов:
Подобро е да ја прифатите идејата на партнерот отколку да направите љубоморна сцена. Избегнувањето на вистината е погрешен избор.
Работа:
Не се залажувајте дека се што ќе слушнете е вистина или дека нечии ветувања се доволна гаранција за деловен и финансиски успех.
Здравје:
Ќе ви годи витаминската исхрана.
Лав
Љубов:
Изгледате вознемирено, барате нечија прошка и избегнувате емотивно ривалство. Контролирајте ги вашите импулси.
Работа:
Не можете да ги измамите колегите со приказна која ја импресионира вашата суета и да игнорирате нечија остроумност.
Здравје:
Ќе ви годи релаксација со вашето омилено хоби.
Девица
Љубов:
Избегнувајте нови семејни или партнерски расправии. Најдобро се чувствувате со личност која ги разбира вашите идеи и емоционални потреби.
Работа:
Поради различните правила наметнати од одредени соработници, мора да прифатите компромисна или комфорна опција.
Здравје:
Внимавајте на посоодветна здравствена заштита.
Вага
Љубов:
Во односот со блиска личност чувствувате задоволство, правите се што е потребно за да го споите убавото со корисното. Ускладете ги вашите мисли и чувства.
Работа:
Она што го замислувате, можете да го постигнете. Понекогаш треба да ги слушате реакциите или коментарите на колегите. Соберете корисни информации.
Здравје:
Ќе ви годат повеќе часови здрав сон, обрнете внимание на соништата.
Шкорпија
Љубов:
Латентната несигурност што ја чувствувате произлегува од емоционална слабост или неможност одлучно да се спротивставите на блиската личност.
Работа:
Треба реално да ја процените ситуацијата на деловната сцена. Постапувајте претпазливо и не верувајте во се што гледате или слушате кога се среќавате со колегите.
Здравје:
Избегнувајте ситуации во кои чувствувате психолошки притисок.
Стрелец
Љубов:
Ве следи лош дијалог во односот со саканата личност, меѓу вас има различни интереси и „стандарди на вредност“.
Работа:
Мотивирани сте за деловен успех, затоа прифатете конкурентна атмосфера или идеја предложена од помлада личност.
Здравје:
Нема потреба да се грижите за некои грди настани или лоши претчувства.
Јарец
Љубов:
Забележувате дека вашиот партнер има некои тајни планови, што дополнително влијае на вашата нервоза или емоционална несигурност.
Работа:
Важно е да имате соодветно разбирање со вашите колеги во однос на распределбата на деловните обврски. Нема причина за брзоплетост.
Здравје:
Ќе ви годи психофизичка релаксација.
Водолија
Љубов:
Некој на погрешен начин ги објаснува вашите емоционални превирања. За жал, вашите оправдувања имаат спротивен ефект.
Работа:
Идејата што ја имате не треба да се истакнува како најдобро деловно решение, трпеливо чекајте нечија поддршка.
Здравје:
Изгледате напнато, опуштете се од непотребните грижи.
Риби
Љубов:
Забележувате дека вашиот партнер итро и вешто ги игнорира вашите идеи. Не можете да влијаете на нечија волја и одлуки.
Работа:
Избегнувајте прекумерна изложеност во друштво на колеги. На крајот на краиштата, секогаш постои факторот изненадување.
Здравје:
Обрнете внимание на поздрав начин на исхрана.
