5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Билатералната трговија меѓу Кина и САД достигнала рекордно високо ниво во 2022 година

Билатералната трговија меѓу Кина и САД достигнала рекордно високо ниво во 2022 година, соопшти кинеското Министерство за трговија, цитирајќи податоци од двете земји.

Портпаролката на Министерството Шу Јуетинг рече дека ова покажува дека економската структура меѓу двете земји е многу комплементарна.

– Тоа ја покажува и заемно корисната природа на економската и трговската соработка – рече таа, пренесува Кинеското меѓународно радио.

Шу изјави дека економската и трговската соработка меѓу Кина и САД се однесува на виталните интереси на двете земји и игра клучна улога во глобалниот економски раст.

– Американско-кинескиот деловен совет смета дека врската меѓу САД и Кина ќе биде од корист за народите на двете земји – рече Шу.

Оваа вест доаѓа во време на се потензични односи помеѓу САД и Кина, како за Тајван така и за Русија.

Кина размислува да и даде оружје и муниција на Русија за војната во Украина, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Тој за CBS News рече дека кинеските компании веќе обезбедуваат „несмртоносна поддршка“ за Русија – а новите информации сугерираат дека Пекинг може да обезбеди „смртоносна поддршка“.

Оваа ескалација би значела „сериозни последици“ за Кина, предупреди тој. Кина ги негираше информациите дека Москва побарала воена опрема.

Кина никогаш нема да го прифати притисокот и заканите на Вашингтон во однос на руско-кинеските односи, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

Никогаш нема да прифатиме американски директиви, па дури и закани за притисок врз руско-кинеските односи, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести