6.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

ДРАМА: Две години криел од жена му дека добил милиони на лото

Кинез во тамошните медиуми претставен само под презимето Џоу некако успеал цели две години да крие од сопругата дека добил на лото. А не зел малку, добитните бројки му ја збогатиле сметката за 1,36 милиони евра или 10 милиони јуани.

Откако госпоѓата дознала за тоа, побарала развод, а судот во Венџоу во источната кинеска провинција Жеџијанг на 1 февруари пресудил дека Џоу мора да плати отштета од повеќе милиони долари на жената.

Во текот на судењето било кажано дека мажот и префрлил два милиони јуани на својата постара сестра веднаш штом парите легнале на неговата сметка, односно дека неколку дена подоцна подигнал 700 илјади јуани за да и помогне на поранешната сопруга да купи стан.

Судот се согласил со мислењето дека парите што Џоу ги префрлил на неговата сестра и неговата поранешна сопруга се дел од заедничкиот имот, па сопругата успеала да се избори за 60 отсто од тој дел од добивката.

Ниту една од страните не поднела жалба, а медиумите не наведуваат зошто сопругот решил да молчи за фактот дека се збогатил, објави Хангџу дејли.

Случајот потсетува на приказна од октомври минатата година, кога маж од автономниот регион Гуангкси Жуанг освоил 220 милиони јуани (30 милиони евра), а исто така ја чувал добивката во тајност пред своето семејство, објаснувајќи дека не сакала сопругата и детето да почнат да се однесуваат неразумно.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести