7.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Германската компанија „Мерцедес-Бенц“ се соочува со повеќе од 300.000 тужби

Германската компанија се соочува со големи проблеми.

Германската компанија „Мерцедес-Бенц“ се соочува со повеќе од 300.000 тужби пред Високиот суд во Лондон од сопственици на возила со дизел мотори кои наводно се опремени со сомнителни уреди кои мамат на тестовите за штетни гасови.

Германскиот гигант е обвинет дека им давал на клиентите лажни информации за стандардите за емисии на штетни гасови, наведува СРНА.

„Мерцедес-Бенц“ демантира дека спорните уреди кои можат да ги променат нивоата на штетни гасови се инсталирани на нивните возила.

– Сметаме дека обвинувањата се неосновани и од тоа ќе се браниме, се вели во соопштението од компанијата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести