10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Демант на МВР: ВМРО-ДПМНЕ свесно лаже или се недоветни па не знаат дека МВР нема врска со затворската полиција

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира лагите на ВМРО-ДПМНЕ изнесени во денешното соопштение. Станува збор или за свесно лажење или за комплетна неписменост и недоветност, затоа што и полуписмен човек знае дека МВР нема врска со затворската полиција, туку таа е во склоп на Министерството за правда односно Управата за извршување санкции.

Оттаму министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ниту можел ниту има било каква врска со именувањето командири во затворот Идризово, затоа што буквално нема никаква надлежност за тоа. Бараме ВМРО-ДПМНЕ да се извини и да ги повлече ваквите неверојатни лаги кои ги пласираат во јавноста.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести