13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Мицкоски: Ако Ковачевски навистина верува дека Владата успешно се справува со кризата, нека не дезертира и час поскоро нека излезе пред граѓаните на избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Вевчани, одговарајќи на новинарско прашање за коментар околу изјавата на премиерот Ковачевски дека со тоа што ВМРО-ДПМНЕ бара избори во мај признава дека владата успешно се справува со кризата, истакна дека доколку Ковачевски навистина верува дека успешно се справува со кризата, наместо да дезертира нека излезе на избори па граѓаните да проценат дали навистина добро се справува.

„Одлично. Ако тој верува дека е така, еве го повикувам да не дезертира, да излезе пред граѓаните на избори час поскоро и да види колку успешно се справува владата. Граѓаните ќе кажат дали се справува успешно или не се справува успешно. Има еден начин тоа да се покаже, на избори, а вака ако продолжи да дезертира и да се крие, за жал ќе не може да го добие сега и веднаш тој одговор на тоа дали успешно се справува и ќе треба да почекаме неколку месеци за да овие пратеници кои што доаѓаат од пратеничката група на СДСМ и ДУИ поддржат распуштање на Парламентот и промена на владата“, потенцираше Мицкоски.

За тоа дали ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот став околу уставните измени, Мицкоски истакна дека  не треба да се очекува дека тој став ќе се промени бидејќи опозицијата ниту учествувала во креирање на тој договор, ниту пак излегла пред граѓаните со ветување дека ќе има уставни измени и затоа час поскоро треба да се случат предвремени избори за граѓаните да дадат правец каде ќе треба да се движи Македонија.

„Ставот е тој, не треба да очекувате дека тој став ќе биде променет. Ставот е дека овој  Парламент нема мандат да менува Устав бидејќи ниту опозицијата учествувала во креирање на тој договор, ниту опозицијата се согласила со тој договор, ниту пак излегла пред граѓаните да ветува дека ќе има уставни измени. Така што треба час поскоро да се случат предвремени парламентарни избори, да излеземе сите со решение на проблемот кој што го донесе владата на ДУИ поддржана од страна на СДСМ, па граѓаните се тие кои што ќе одлучат кому да ја дадат довербата. Има неколку опции така што ете, граѓаните се тие кои што ќе дадат правец и насока каде ќе треба да се движи Македонија“, заклучи Мицкоски.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести