-3.2 C
Skopje
четврток, јануари 12, 2023

Мачката на пејачката Тејлор Свифт вреди 97 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Мачката на пејачката Тејлор Свифт вреди колку што повеќето луѓе можат само да сонуваат, а не е ни прва на листата на најбогати миленичиња во светот.

Оливија Бенсон е една од милениците на популарната пејачка и вистинска богаташка, а нејзиното богатство се проценува на 97 милиони долари, пишува списанието All About Cats.

Листата е направена врз основа на аналитиката на Инстаграм, а еден од главните извори на нивното богатство е нивната популарност на социјалните мрежи.

Меѓутоа, кога станува збор за Оливија, се земало предвид и учеството во различни проекти, како учество во спотови на пејачката, а глумела и во високобуџетни реклами и има своја линија на облека.

Патем, Тејлор ја именуваше Оливија по ликот Мариска Харгитај од серијата Law & Order: Special Victims Unit, а на турнејата во 2015 година, таа пушти видео во кое се појавуваат Оливија и нејзината постара сестра Мередит.

Кој е прв?

Богатството на Оливија го надмина само германскиот овчар Гантер VI, чија вредност се проценува на 500 милиони долари. На второ место се најде мачката Нала, ѕвезда на Инстаграм чија вредност се проценува на 100 милиони долари.

На списокот се најдоа и кучињата на водителката Опра Винфри, мачката Шупет на покојниот дизајнер Карл Лагерфелд и кученцето Понтиак, миленичката на покојната актерка Бети Вајт.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img