-3.2 C
Skopje
четврток, јануари 12, 2023

„Кракен“ се појави и во Србија

Според нивната проценка, „кракен“ најверојатно веќе се појавил во Србија, а вирологот од Медицинскиот факултет на белградскиот универзитет Александра Кнежевиќ за порталот Нова.рс изјави дека се очекува анализата на новите примероци на крв официјално да го потврди тоа во наредниот период. Кнежевиќ оценила дека бивалентните вакцини со кои располагаат граѓаните нудат одреден степен на заштита од „кракен“.

Таа предложи пациентите со намален имунитет и постарите лица прво да ја примат бивалентната вакцина.

Епидемиологот Зоран Радовановиќ оцени дека „кракенот“ ќе стане доминантен во Србија во наредните недели, особено во февруари.

Радовановиќ предупреди дека бројот на заразени од „кракен“ се удвојува за осум дена, па оттука и проценките за „пикот“ во февруари.

Тој нагласи дека „не очекуваат драматични ситуации“ бидејќи речиси сите граѓани се или вакцинирани или се опоравиле од Ковид.

Радовановиќ истакна дека „кракенот“ не предизвикува потешка клиничка слика, дури и кај оние кои се најосетливи, но дека постои ризикот од инфекција.

Оние кои примиле бивалентна вакцина можат да бидат „релативно мирни“, рече Радовановиќ.

Според последниот епидемиолошки извештај од вчера, Србија имала 1.162 нови случаи на корона за 24 часа, а шест лица починале.

Досега, според официјалните податоци, од почетокот на пандемијата се регистрирани вкупно 17.574 смртни случаи од Ковид 19.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img