13.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Баербок: Граѓаните на Украина треба да знаат дека можат да се потпрат на солидарноста и помошта на Германија

„Граѓаните на Украина треба да знаат дека можат да се потпрат на солидарноста и помошта на Германија“, изјави Баербок по пристигнувањето во овој град во источна Украина.

Баербок, чија посета се чуваше во тајност до последен момент од безбедносни причини, пристигна во Харков во придружба на нејзиниот украински колега Дмитриј Кулеба.

Баербок е првиот член на германската влада кој отпатувал во источна Украина од почетокот на рускиот напад врз таа земја. Баербок рече дека Харков е симбол на рускиот напад врз Украина.

„Овој град е симбол за апсолутното лудило на рускиот напад врз Украина и за неописливото страдање со кое се соочуваат граѓаните на Украина, особено овде на истокот на земјата“, рече Баербок.

Шефицата на германската дипломатија изјави дека освен генератори, огревно дрво и ќебиња, зимската помош што нејзината земја и ја испраќа на Украина вклучува и оружје.

„Помошта за Украина го вклучува и оружјето потребно за ослободување на граѓаните од теророт на руската опсада“, изјави шефицата на германската дипломатија.

Пред неколку дена Германија донесе одлука за испорака на оклопни борбени возила Мардер на Украина, но истовремено владата ги одби барањата за испорака на тенкови Леопард II.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести