Затворениот руски опозициски политичар Алексеј Навални изјави дека страда од болки во грбот откако поминал долги периоди во самица, кои според него биле дел од намерната стратегија на властите да го поткопа неговото здравје.
Во серија твитови, Навални објави фотографии од неговите медицински досиеја за кои рече дека му биле доставени дури еден месец откако тој побарал да ги види.
„Погледнете како функционира системот кога не смеете да тепате човек, но раководството ви наредило да го повредите тешко“, најави тој.
