3.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Ѓукановиќ сакал да изврши државен удар во Србија ?!

Срѓан Лалиќ, сведок-обвинет во судскиот процес против кланот на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, откри дека црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ сакал да изврши државен удар во Србија, објави белградскиот портал Република.

Како што изјавил тој, шефот на црногорскиот криминален клан Радоје Звицер за оваа валкана работа обезбедувал припадници на црногорската безбедносна служба блиски до „кавачкиот клан“ и под директна контрола на Ѓукановиќ.

-Тие луѓе се на сликите со Вељко и Марко. Не ги запознав. Сите подоцна од медиумите дознавме кои се тие луѓе, по име – рече Лалиќ.

Бомбашки напади
На овој начин го потврди сознанието на српскиот Телеграф дека Мило со години плетел мрежа на соработници од сите структури во Србија, од политичари и новинари до луѓе од судството, безбедносните служби и бизнисмени, главно шпиони на Националната безбедносна агенцијата на Црна Гора.

– „Кавчани“ беа само извршители, кои обезбедуваа логистика и беа задолжени за дестабилизација на државата на сите можни начини. Ќе ве потсетам на серијата бомбашки напади во Белград кои требаше да создадат впечаток на целосно беззаконие и хаос, што беше поттикнато од некои медиуми со обвинувања дека неспособната власт, која нема сили да се справи со криминалот, е виновен за се – вели нивниот соговорник од српските безбедносни структури.

Сведокот Лалиќ на судењето рече дека со цел да се урне власта биле организирани и навивачите, а обвинетите Беливук и Миљковиќ во еден момент добиле наредба од Швајцарија да развијат транспарент долг 30 метри на еден од натпреварите на Партизан со пароли кои беа наменети исклучиво за политички цели. Еден од слоганите зборуваше за проблемите во државата, мигрантите, корупцијата…

– Тоа не е небулозен план, тоа е политички активизам. На Инстаграм профилот на навивачите на Партизан се појавија изменети слики со политички личности во негативен контекст. Таму беа Ирена Вујовиќ, Александар Вучиќ и слични – додаде обвинетиот сведок.

Специјален снајперист
Тој рече дека навивачите требало да учествуваат во нередите во Белград:

– Само 300 од нив се доволни за да предизвикаат сериозни проблеми. Само првиот тим на навивачките групив знаеше за тоа. Четири часа се доволни навивачите да се појават и да направат хаос.

Тој објасни дека во текот на јануари минатата година, водачите на бандата постојано ги охрабрувале другите членови на групата да го убијат Александар Вучиќ.

-Причината беше што се препознаа во најавата дека и објавува војна на мафијата. Ги предупредив дека не може, но сепак добија снајпер во Лозница, платен 12.000 евра, за најсложените задачи  – прецизира Лалиќ пред судот.

Сепак, сите планови на Мило пропаднаа со апсењето на бандата Беливук-Миљковиќ во февруари минатата година.

– Сите наши оперативни сознанија говорат дека зад се стои црногорскиот претседател, тој не се ни обиде да го сокрие бесот по апсењето, што го покажуваат секојдневните напади на претседателот Вучиќ – вели изворот на српскиот Телеграф.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести