8.8 C
Skopje
сабота, ноември 21, 2026

Пораката до Путин од САД

Пораката до Путин од САД дојде откако рускиот претседател за прв пат ја нарече инвазијата на Украина „војна“, а не „специјална воена операција“.

Да потсетиме дека од почетокот на инвазијата, Путин го нарече конфликтот „специјална воена операција“ и потпиша закон со кој се криминализира ако се нарекува војна. Тој закон го криминализира она што руските власти го нарекуваат „лажна терминологија“. Меѓутоа, самиот Путин на прес-конференцијата во четвртокот го употреби зборот „војна“, велејќи дека се надева дека „војната ќе заврши што е можно поскоро“.

„Од 24 февруари, САД и остатокот од светот знаеја дека „специјалната воена операција“ на Путин е неиспровоцирана и неоправдана војна против Украина. Конечно, по 300 дена, Путин ја нарече војната со вистинското име“, рече портпаролот на американскиот Стејт департмент.

„Како следен чекор во признавањето на реалноста, го повикуваме да ја прекине војната со повлекување на неговите сили од Украина“, рече портпаролот, додавајќи дека „без оглед на терминологијата на Путин, руската агресија врз нејзиниот суверен сосед резултира со смрт, уништување и раселување на луѓе“.

„Луѓето во Украина нема да се утешат со фактот дека Путин го призна очигледното, исто како и десетици илјади семејства чии членови загинаа борејќи се во војната на Путин“, рече портпаролот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести