Кина се надева дека сите страни во украинската криза ќе ја задржат воздржаноста и ќе ги решат безбедносните проблеми со политички средства, му рекол кинескиот претседател Си Џинпинг на заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев за време на состанокот во Пекинг, јави денеска кинеската агенција Синхуа.
Според извештајот на агенцијата, Кси му рекол и на Медведев дека се надева дека кинеската комунистичка партија и Единствена Русија можат да ја подобрат комуникацијата и да овозможат „продлабочување на стратешката соработка меѓу Кина и Русија“, објави Ројтерс.
Претходно британската агенција објави дека Медведев ненадејно отпатувал во Пекинг и разговарал со кинескиот лидер за конфликтот во Украина.
Медведев објави видео на Телеграм на кое се гледа како се среќава со Кси.
Медведев изјави дека тој и Кси разговарале за стратешкото партнерство на двете земји „без ограничувања“, како и за Украина.