19 C
Skopje
понеделник, мај 15, 2023

САД: Ние цврсто веруваме дека Украина, и само Украина, има право да одлучува за својата иднина

Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс коментирајќи ја изјавата на поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер, кој препорачува линија на прекин на огнот меѓу Украина и Русија врз основа на границите пред 24 февруари, рече: „Господинот Кисинџер зборуваше како граѓанин“.

– Ние цврсто веруваме дека Украина, и само Украина, има право да одлучува за својата иднина, рече Прајс и додаде дека Вашингтон, како и украинскиот претседател Володимир Зеленски, смета дека војната на крајот ќе мора да заврши преку дијалог и дипломатија.

– Веруваме во потребата за мир кој е праведен и одржлив. За жал, не видовме никаков значаен возврат од Москва, додаде портпаролот на Стејт департментот.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img