Националната здравствена комисија денеска соопшти дека починале уште пет лица, со што бројот на жртви се искачи на 5.242.
Бројот на починати е релативно низок според глобалните стандарди, но укажува на можен пораст откако кинеската влада по протестите ги олесни своите строги анти-ковид мерки кои траеја повеќе од две години и вклучуваа затворање, карантини и задолжително тестирање.
Неофицијалните извештаи покажуваат дека има нов бран, а вработените во погребните компании пријавиле дека бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголемува.
Бидејќи веќе нема карантин, а луѓето се тестираат и закрепнуваат дома, тамошните власти тврдат дека е невозможно да се утврди точниот број на заразени, што ја отежнува проценката на ситуацијата.
Кина ги повика постарите лица да се вакцинираат, но одзивот сè уште е низок. Центрите за вакцинација во последните денови се главно празни.