Овен
Имате прилично арогантен став кој понекогаш може да биде навредлив за другите. Не е добро да повредувате луѓе, дури и ненамерно. Кога станува збор за работата, може да биде меч со две острици. Периодов ви се појавија неочекувани трошоци кои значително ви го оптоварија буџетот. Прилично сте незадоволни од новонастанатата ситуација. Оваа недела чувствувате потреба да се изолирате од сите, освен од саканата личност.
Бик
Досега бевте незадоволни од вашите работни перформанси. Сепак, оваа недела влегувате решени да направите радикален пресврт во пристапот кон работата. Исклучително сте расположени за љубов. Пукате од желба да бидете блиски со некого, да споделите посебни интимни моменти. Периодов внимавајте што јадете.
Близнаци
Целосно ја запоставивте деловната страна. Сепак, тоа воопшто не личи на вас. Впрочем, работата е клучен сегмент од вашиот живот. Во моментов чувствувате потреба за други работи, па обврските ќе се натрупаат неделава. Одложете ги важните состаноци или вашето учество на нив. Ќе имате конфликт со саканата личност за банална тема која доколку не ја смирите, може да ви се претвори во нешто полошо.
.
Рак
Неделава ве очекува некаков вид на јавен настап, па имате многу трема. Да биде полошо, ве притискаат обврските и роковите. Сето ова оди дотаму што немате многу време за размислување, па мора интуитивно да носите одлуки. Слободните ракови бараат внимание и копнеат некој се грижи за нив. Долго време се незадоволни од личниот живот, а тоа може да се одрази и на здравствената состојба.
Лав
Секогаш магично се справуваат со обврските и на крајот од денот се враќаат дома задоволни и исполнети. Не ви е лесно, иако понекогаш може да заплачете. Чувствувате дека ве гледаат поинаку во работната средина. Имате можност да запознаете некој кој ќе стане важен во вашиот живот за многу кратко време. Постои привлечност, но поради страв и двајцата ќе се чувствувате блокирани. Размислете за општата состојба на вашето тело.
Девица
Оваа недела ќе научите колку е важно да се држите до себе и вашите интереси. Чувствувате одреден вид страв на работа. Мислите дека можете да напредувате само ако им угодувате на другите и правите сè онака како што им одговара. Бидете доволно дипломатски и ќе успеете да ги постигнете своите цели. Девиците имаат проблематичен период во односите. Сепак, и на тоа ќе му дојде крајот. Вашата отпорност на настинки и вируси е намалена.
Вага
Се чини дека конечно сте стигнале до позициите на кои сакате да бидете. Во оваа недела нема да добиете тапкање по грбот, туку признанието за вашата работа ќе пристигне во многу поконкретна форма. Вашите соработници ви се восхитуваат и ве почитуваат. Збунети сте од однесувањето на личноста која ви се допаѓа. Време е за промена на исхраната и поздрав начин на живот.
Скорпија
Имате конкретен конфликт со некој кој сега ќе се обиде да се врати во вашиот живот со нови предлози за соработка. Пиењето алкохол и пушењето цигари може да ви создадат проблеми во иднина
.Стрелец
Има големи шанси да добиете атрактивна деловна понуда која не се случува секој ден. Не размислувајте премногу, следете го инстинктот и нема да згрешите. Влегувате во возбудлив период кога станува збор за љубовта. Ќе имате многу можности да запознаете квалитетни луѓе. Проблемите со видот повеќе не смеат да се игнорираат. Во блиска иднина задолжително посетете офталмолог.
Јарец
Иако немате директно влијание на она што се случува во вашето деловно опкружување, работите се одвиваат на тој начин што не може да бидете незадоволни од нив. Треба да се потрудите да најдете ментален мир и рамнотежа
.Водолија
Имате најмалку двајца колеги на работа со кои секоја комуникација ви е многу интересна и плодна. Овие денови ќе уживате во размената на искуства со нив. Ќе научите многу нешта кои ќе ви бидат корисни. Сепак, не ја давајте вашата доверба лесно на другите. Ако некој е силен на зборови, почекајте да видите што ќе докаже на дело. Партнерот ве нервира со неговата неодлучност и со тоа што едно кажува, а друго прави. Ќе чувствувате хроничен замор и исцрпеност.
Риба
Бидете максимално флексибилни и подготвени да се откажете од некоја удобност денес за да имате можност утре повеќе да уживате. Тешко дека ќе имате многу слободно време оваа недела. Важно е да научите да признавате кога некој има подобри идеи од вашите. Вашиот љубовен живот веќе подолго време е во хаос. Никогаш не успевате да го поправите. Сите обиди се залудни. Едноставно, не наидувате на реакции од спротивната страна. Неделава ќе бидете склони кон хипохондрија.
