Унгарскиот премиер Виктор Орбан Орбан го исмеа Европскиот парламент во врска со скандалот што моментално ја тресе таа институција.
„Добро утро до Европскиот парламент“, напиша Орбан на Твитер над фотографијата на која алудира на наводна корупција во Унгарија.
На фотографијата, која често се користи на мрежите за исмејување на актуелните настани и одлуките на раните институции, пишува: „Европскиот парламент е сериозно загрижен за корупцијата во Унгарија“.
Поради обвинувања за корупција, белгиската полиција ја уапси претседателката на Европскиот парламент Ева Каили и уште тројца европратеници. Полициските службеници извршија вкупно 20 рации во рамки на истрагата што беше започната пред четири месеци.
„Неколку стотици илјади евра се запленети на три различни места: 600.000 евра во куќата на еден од осомничените, неколку стотици илјади евра во куфер запленет во хотелска соба во Брисел и околу 150.000 евра во стан на европски член на парламентот“, соопштија обвинителите.
Од друга страна, Европскиот парламент постојано ја обвини Унгарија за наводна корупција, поради што неодамна на земјата и беа одземени неколку милијарди евра од европските фондови.
