Овен
Љубов:
Обидете се да разберете нечија слабост. Нема потреба да се „казнува“ саканата личност.
Работа:
Ве очекуваат разни проблеми во комуникацијата со деловните партнери и дополнителни обврски.
Здравје:
Избегнувајте конфликтни ситуации и бидете повнимателни во сообраќајот.
Бик
Љубов:
Се грижите без вистинска причина, вашата сакана личност не сака да ви ги доверува своите мисли. Но, постапките зборуваат многу за чувствата.
Работа:
Кога работите не одат во посакуваната насока, ја губите мотивацијата, а нечија критика има спротивен ефект.
Здравје:
Треба да ја подобрите концентрацијата.
Близнаци
Љубов:
Изгледате заводливо и привлечно. Среќата е на ваша страна, се додека постои взаемна желба да се зачува емоционалната блискост.
Работа:
Некој ги потврдува вашите очекувања во деловната соработка. Важно е да ја задржите присебноста во одлучувачкиот момент.
Здравје:
Треба да ги балансирате вашите желби и можности, да избегнувате претерување.
Рак
Љубов:
Авантурата може да ве доведе во непријатна ситуација. Подобро е да се одлучите за добро позната компанија.
Работа:
Личното достоинство или големата гордост не дозволуваат да се расправате со една личност.
Здравје:
Ќе ви годи рекреација или хоби.
Лав
Љубов:
Важно е правилно да одговорите на нечии прашања. Ве очекува одлично расположение во друштво на саканата личност.
Работа:
Понекогаш сè изгледа релативно или необично. Деловните можности изгледаат различно кога се гледаат од различни агли.
Здравје:
Насочете ги мислите во позитивна насока, опуштете се.
Девица
Љубов:
Партнерот не обрнува внимание на вашите коментари, имате впечаток дека ве држи настрана во врска со некои „тајни планови“.
Работа:
Докажувањето на правдата не е вашата примарна цел во овој момент. Не можете да влијаете на нечие однесување.
Здравје:
Прекумерната грижа лошо влијае на вашата концентрација.
Вага
Љубов:
Отворено разговарајте со партнерот и инсистирајте на докажување на вистината. Не треба да се залажувате со илузии.
Работа:
Во заеднички интерес е да се намали деловниот и финансискиот ризик на минимум. Правилно почитувајте го договорот.
Здравје:
Треба да се ослободите од непотребните грижи
Скорпија
Љубов:
Ви недостига трпение, а на партнерот му недостасува храброст да се соочи со заедничките проблеми. Смирете ги меѓусебните страсти.
Работа:
Не ви се допаѓа нечија улога на деловните состаноци, но не треба да се оптоварувате со проценување на туѓите вредности.
Здравје:
Обрнете внимание на правилната исхрана.
Стрелец
Љубов:
Партнерот не може да ви пренесе се што би сакале да слушнете или видите. За жал, останувате лишени од различни потреби.
Работа:
Не верувате во нечии повеќекратни ветувања, па барате убедливи докази или дополнителна гаранција за деловен договор.
Здравје:
Вечерните часови планирајте да ги поминете во интересно друштво и во опуштена атмосфера.
Јарец
Љубов:
Забележувате дека вашиот партнер има некои тајни планови, што дополнително влијае на вашата нервоза или емоционална несигурност.
Работа:
Важно е да имате соодветно разбирање со вашите колеги во однос на распределбата на деловните обврски. Нема причина за брзоплетост.
Здравје:
Ќе ви годи психофизичка релаксација.
Водолија
Љубов:
Обидете се да го израдувате семејството. Важно е да разберете и да одговорите на нечии емоционални потреби.
Работа:
Вашиот начин на размислување позитивно влијае на околината и ветува заеднички успех или добивка.
Здравје:
Во одлична психофизичка форма сте.
Риби
Љубов:
Изгледате вознемирено, не успевате да ги реализирате вашите емотивни планови. Ви снемува трпение во друштво на саканата личност.
Работа:
Прекумерната амбиција или нескромност при проценка на личните можности предизвикува разни недоразбирања.
Здравје:
Контролирајте ја импулсивната страна на вашата личност.
