-0.2 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Инфлацијата во Обединетото Кралство достигна највисоко ниво во последните 41 година

Луѓето во Велика Британија јадат храна за домашни миленици и се обидуваат да ги загреат оброците со свеќи. Овие однесувања доаѓаат како резултат на кризата во таа земја, пренесува Independent.

Инфлацијата во Обединетото Кралство достигна највисоко ниво во последните 41 година, при што цената на храната и безалкохолните пијалоци се зголемија за 16,4 отсто во годината до октомври, што е најголем пораст од 1977 година.

Со зголемените сметки за енергија, домаќинствата се принудени да прават тешки избори помеѓу греење и храна – а се тврди дека некои прибегнале кон поекстремни мерки.

„Сè уште сум шокиран што имаме луѓе што јадат храна за домашни миленици, луѓе кои се обидуваат да ја загреат храната преку свеќа или радијатор“, изјави за Би-Би-Си Марк Стид, кој раководи со јавната чајна кујна во областа Стоубриџ во Кардиф, додавајќи:

„Ова се шокантни типови на приказни кои се всушност вистинити, знаеме од доверливи луѓе кои на крајот го споделија со нас во солзи – тоа не треба да се случува“, рече тој.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести