12.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Тензии на Косово, Вучиќ го свика Совет за безбедност

 За оваа одлука ги информирал и странските амбасади, со порака дека специјалните полициски единици ќе ги преземат сите потребни мерки за справување со барикадите. На прес конференција за последните тензии Курти такво нешто не кажа, но порача дека Србите на Косово биле заложници на официјален Белград кој сега сака да ја продолжи војната која ја изгуби во 99та година.

-Србија, по 23 години од крајот на војната, повторно се заканува со војна и враќање на нејзините воени сили кои извршија геноцид на Косово. Србија не крие дека сака да се врати на Косово, односно да ја продолжи војната што ја загуби. Милитаризацијата на Србија низ годините не доведе до оваа состојба. Одвојуваат големи суми за војска и вооружување. Оваа милитаризација, придружена со хегемонистички амбиции, е закана за целиот регион. – изјави Албин Курти, премиер на Косово.

Како последица на заканата за немири, итен состанок на Советот за национална безбедност свика и српскиот претседател Вучиќ, а на телевизиско интервју вечерва ќе каже како на ова ќе одговори Србија. Дека Курти подготвил план кој ќе резултира со бура, тврди и претседателот на Српска листа Ракиќ.

И денот помина во тензии, припадниците на специјалните единици Росу, вооружени и со блиндирани возила упаднале во објектот на големата брана на езерото Газивода. Според српските медиуми, тие го истерале чуварот и ги отстраниле српските знамиња, што косовската полиција попладнево го демантираше. На терен, косовската полиција и натаму не дозволува ниту пеш, ниту со возило да се премине на Јариње и Брњак. Косовските Срби остануваат на поставените барикади на повеќе населени места во знак на протест за вчерашното апсењето на екс полицаец. Шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ го обвини косовскиот премиер Курти дека постојано подметнува пожари, но дека Србите нема останат без поддршка.

-Не го измисливме Вучиќ и јас бриселскиот договор, туку тие од нас бараа да прифатиме Заедница на српски општини, како што не бомбардираа да ја прифатиме резолуцијата 1244. Тој нека се расправа со претставниците на меѓународната заедница, тој е нивно чедо. Прво, нема преговори за она што веќе го договоривме. Второ, нема признавање на независноста на Косово, односно членство во Обединетите нации. Трето, нема физички напади или загрозување на безбедноста на Србите Ова се нашите црвени линии. – изјави Ивица Дачиќ, министер за надворешни работи на Србија.

Претходните денови беа забележани голем број инциденти на северот на Косово, а косовската полиција го зголеми присуството. Српските претставници од ноември ги бојкотираат институциите на Косово, поради тогашниот проблем со регистерските таблички.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести