13.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Путин: Сите учесници во специјалната воена операција во Украина за мене се херои

Москва – Сите учесници во специјалната воена операција во Украина за мене се херои, изјави денеска претседателот на Русија за време на прославата по повод Денот на хероите на татковината.

Со специјалната награда Херој на Руската Федерација, Владимир Путин награди 200 од најистакнатите поединци за покажаната храброст за време на операцијата во Украина.

„Сите кои денеска беа наградени ја потврдија својата храброст не со зборови, туку со дела“, рече Путин, додавајќи дека не смеат да се заборават оние кои веќе не се живи и кои ги дале своите животи за својата татковина.

„Никогаш не смееме да заборавиме на оние кои моментално се во болници, но и на сите оние кои ги направија сите наши херои тоа што се. Тоа се нивните родители, средината во која пораснаа, училиштата или местото каде што работат“, истакна претседателот на Русија.

„Татковината не е територија, таа е претставена од луѓе, затоа сите сме ви благодарни за сè што правите за неа“, нагласи рускиот лидер, додавајќи дека навистина би сакал сите оние кои моментално се на фронтот навистина да ја почувствуваат сета топлина и поддршка од рускиот народ.

„Секогаш кога Русија беше во неволја, кога некој ќе ги нападне нејзините територии, народот се обединуваше и му се спротивставуваше на непријателот, делувајќи како цврст ѕид и на бојното поле и надвор од него. Љубовта кон татковината се пренесува од колено на колено, тоа е свето, Русите се горди на оние кои сега го бранат правото на земјата на независност“, нагласи Путин.

Оние кои сега се на линијата на фронтот, нивното однесување и храброст претставуваат главните морални обележја за сите граѓани на Русија. Сите избраа ризична професија, но нивните напори ќе придонесат за развој на целата земја, рече Путин, додавајќи дека тие ја инспирираат земјата секогаш да цели кон повисока цел.

Еден од новопрогласените херои додаде дека „без оглед на сите тешкотии, руската армија ќе успее да ги постигне сите свои цели и ќе ја уништи нацистичката зараза, која се обидува да го подели народот и да ја уништи руската историја“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести