5.8 C
Skopje
четврток, јануари 12, 2023

Киев е пред вистинска апокалипса доколку продолжат руските напади

Украинската престолнина е пред вистинска апокалипса доколку продолжат руските напади.

Тоа го изјави градоначалникот на Киев Виталиј Кличко во интервју за Sky News. Тој додаде дека не е време за целосна евакуација на населението, но предупреди дека најлошото можно сценарио не е толку далеку.

„Киев остана без струја, вода и парно. Можно е да не погоди апокалипса, исто како во холивудските филмови. Ќе биде невозможно да се живее на овие температури“, потенцира Кличко, пренесе Ројтерс. 

„Што да ви кажам? Ние се уште се бориме и правиме се за да спречиме такво сценарио“, додаде тој.

Најголемиот проблем е што Киев во моментов нема доволно загреани засолништа.

„Подготвивме околу 500 загреани засолништа, но во град со 3,6 милиони жители ова не е ништо. За жал, доколку продолжи да биде проблематично снабдувањето со електрична енергија, ќе бидеме принудени да ја цедиме водата од зградите. На овие температури има можноста цевките да пукнат и целосното снабдување би било загрозено од вода“, предупреди градоначалникот на Киев.

„Подгответе храна, вода, документи и топла облека“

Кличко побара од граѓаните да ги подготват најосновните работи за евентуална евакуација.

Подгответе храна, вода, документи и топла облека во случај да треба веднаш да го напуштите градот“, посочи тој.

Тој, исто така, одговори на повиците на претседателот Зеленски дека Киев не е доволно подготвен за недостиг на електрична енергија и греење.

„Чудно. Имаме заеднички непријател и почнуваме да се караме меѓу себе. Мислам дека не е време за политички конфронтации“, заклучи Кличко.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img