5.8 C
Skopje
четврток, јануари 12, 2023

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски, од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија да им го честитам  8-ми Декември денот кога го чествуваме делото на големиот просветител Свети Климент Охридски.
Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Свети Климент не се штедел себе, и целиот свој живот го поминал помагајќи на другите, така денес е еден од најзначајните темели и на МПЦ-ОА.

Ликот и делото на Свети Климент Охридски е силно врежано во македонската историја и паметење. Неговата мисија за описменување имаше за цел да се спротивстави на однародувањето и асимилацијата. Нашата култура, јазик и идентитет се посебно обележје со кои што треба да се гордееме и да ги чуваме. Но и делото на Свети Климент е завет да изградиме генерации кои со своите силни капацитети ќе се спротивстават на било која злоупотреба, атак или современа форма на поништување. Светиот Климент пред еден милениум знаел дека само грамотен народ е силен и неуништлив. Денес грамотен народ може да се спротивстави на современото зло на корупцијата и криминалот кој ја уништуваат нашата заедница и држава. Грамотен народ може да се спротивстави на владејачки елити кои го злоупотребуваат народот до исцрпување.

Гордост и успех за нас е да направиме силни, образувани и успешни генерации да ја продолжат борбата за успешна македонска иднина тука во Македонија.

Мисијата на Свети Климент Охридски треба да е поука за сите генерации дека чувањето на културната, јазичната и националната посебност како должност и аманет

Со право го славиме Свети Климент чие духовното, книжевно и црковно наследство е значаен белег за Македонија.

Нека ни е честит и за многу години големиот празник – Свети Климент Охридски!

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img