20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Еве како до поголеми гради, со шминка (ВИДЕО)

Контурирањето на лицето е тренд кој продолжува да владее кога станува збор за професионалната шминка. Благодарение на него, можете да го нагласите она што го сакате и да ги скриете недостатоците. Зошто истото да не се примени на градите?

ТикТок е полн со видеа на шминкери кои покажуваат како е можно да ги зголемите градите само со контурирање. Иако немам мали гради и задоволна сум со нивната големина, сакав да видам како ќе изгледаат ако малку ги истакнам.

Не ви требаат многу „алати“ – четка, хајлајтер и бронзер.

Го зедов бронзерот и го ставив меѓу градите, така да го следи работ на дојката и го размачкав со четка. После тоа го ставив хајлајтерот на централниот дел на градите. На крајот нанесов малку бронзер на клучните коски и околу вратот.

Разликата беше веднаш видлива и моите гради навистина делуваа поголеми потоа.

Сепак, мислам дека никогаш не би можела вака да излезам од дома, некако би се чувствувала непријатно и постојано би проверувала дали нешто е замачкано. Само ја замислувам сцената кога ме прегрнува некој облечен во бела кошула и нивната реакција кога ќе ги видат моите контури на неа. Исто така, што ако почнам ненормално да се потам, а пудрата да почне да ми тече на телото и на фустанот. Со еден збор, одвратно.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести