10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Главен советник на Зеленски, го критикуваше Илон Маск на Твитер

МИХАЈЛО Подољак, главен советник на украинскиот претседател Зеленски, го критикуваше Илон Маск на Твитер. Подољак рече дека решенијата на Маск се магични и едноставни и го коментираше неговиот став за војната во Украина.

„Маск сака магични решенија“
„Елон Маск сака таканаречени магични „едноставни решенија“. Замена на странска територија за илузорен мир или отворање на сите приватни сметки на Твитер за да може да биде целосна слободата на говорот, се некои од нив, напиша Подољак на Твитер, очигледно мислејќи на плановите на Маск за реформи на Твитер и твитот во кој тој ја повика Украина да се откаже од полуостровот Крим окупиран од Русија во замена за мир.

„Но, има една работа. Добрите намери можат да го отворат патот кон пеколот на Путин или пеколот на Канје Вест“, додаде тој.

Украина има комплицирани односи со Маск, најбогатиот човек на светот, од почетокот на руската инвазија, пишува Ројтерс. Тој беше пофален што ѝ обезбеди на Украина илјадници бесплатни сателитски интернет уреди на Starlink, направени од SpaceX на Маск, но пријателството падна кога во октомври шефот на Твитер ги поддржа мировните услови кои Киев ги отфрли.

Зеленски до Маск: Прво дојди во Украина, а потоа кажи ни како да ја завршиме војната
Вреди да се потсети и на реакцијата на украинскиот претседател, кој му порача на Маск дека треба да ја посети Украина и да ја види штетата направена за време на руската агресија пред да ја коментира таа земја.

Тоа беше одговор на предложениот мировен план на Маск за ставање крај на војната, кога тој предложи повторување на референдумите во анектираните региони под надзор на ОН, признавање на Крим како формален дел од Русија, обезбедување снабдување со вода на Крим и украинска неутралност. Ваквиот предлог предизвика гнев кај Украинците, кои сметаат дека е неприфатлива идејата да им предадат дел од територијата на Русите.

„Ако сакате да разберете што направи Русија овде, дојдете во Украина и ќе го видите ова со свои очи. После тоа ќе ни кажете како да ја завршиме оваа војна, кој ја започна и кога можеме да ја завршиме“, остро му проача Зеленски на Маск на самитот на Њу Јорк Тајмс. Маск претходно се закани дека ќе го повлече финансирањето на интернет услугата Старлинк во Украина, која овозможува комуникација на првата линија.

Тој тврдеше дека Старлинк губи пари, но подоцна се откажа од заканата и потврди дека ќе продолжи да го финансира. Зеленски за време на денешниот самит рече дека не верува оти Владимир Путин ќе употреби нуклеарно оружје. Тој е убеден дека западните демократии треба да бидат повеќе загрижени за амбициите на рускиот лидер да ги нападне соседните демократии доколку успее да ја освои Украина.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести