6.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

Бајден му сигнализира на Зеленски за потребата од разговори со Русија ?!

Американскиот претседател Џо Бајден му сигнализира на украинскиот лидер Володимир Зеленски за потребата од разговори со Русија.

Ова го изјави Џозеф Џофе од Школата за меѓународни студии Џон Хопкинс.

„Бајден суптилно му навести на својот колега од Киев: време е да започнеме разговор со Путин“, напиша Џофе во написот за магазинот „Time“.

Според него, западните сојузници на Зеленски го штитат Киев од понатамошна ескалација за да не биде вовлечен во конфликт со Русија.

Тој посочи дека украинската влада треба да се подготви за компромиси, вклучително и „загуба на Крим“.

Претходно турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изрази уверување дека западните земји треба да ги убедат властите во Киев да седнат на преговарачка маса со Русија.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести