3.8 C
Skopje
недела, јануари 15, 2023

СДСМ: Хаосот во Скопје го создадоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

Хаосот што овој период му се случува на Град Скопје е само поради неспособноста и бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ ја има градската власт, кадри на ВМРО-ДПМНЕ се најзастапени во сите ушравни и надзорни одбори на јавните претпријатија во Градот, вкучително и во Јавното сообраќајно претпријатие.

Тие ја имаат одговорноста за се она што му се случува денеска на Скопје.

Наместо да работат за граѓаните и градот кадрите на ВМРО-ДПМНЕ работат по инструкциите на Мицкоски кого не го интересираат граѓаните, туку интерресите на мала бизнис група од ВМРО-ДПМНЕ.

Шпицниот градоначалник Мицкоски, мнозинството во Советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ членовите на управните и надзорните одбори од ВМРО-ДПМНЕ, се единствените виновници што денеска Скопје е заглавен град, што граѓаните се без јавен превоз.

По Скопје 2014 ВМРО-ДПМНЕ му приредува нова катастрофа на Скопје, Мицкоски и неговите кадри се најголемото разочарување за скопјани.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img